• вторник, 12 мај 2026

Шпанскиот премиер Педро Санчез пристигна во Пекинг на средба со Си Џинпинг

Шпанскиот премиер Педро Санчез пристигна во Пекинг на средба со Си Џинпинг

Пекинг, 11 април 2026 (МИА) – Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, денеска допатува во Пекинг каде што ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг и со други високи претставници, во рамките на посетата насочена кон зајакнување на економските односи и соработката меѓу Кина и Европската Унија.

На покана на кинескиот премиер Ли Чијанг, Санчез ќе престојува во Кина до 15 април, потврди портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг.

На аеродромот беше пречекан од кинескиот министер за образование Хуаи Џинпенг и амбасадорите на двете земји. Официјалната програма започнува в понеделник со посета на Универзитетот Ѓингхуа и седиштето на технолошкиот гигант „Шаоми“.

За вторник се планирани клучните средби со Си Џинпинг, премиерот Ли Чијанг и претседателот на Свекинескиот народен конгрес, Џао Леѓи.

Санчез очекува Кина да придонесе за завршување на војната во Иран, а планира и разговори со инвеститори за привлекување вложувања во Шпанија и обезбедување пристап до ретки минерали. Враќањето во Шпанија е предвидено за среда. ссм/

фото: архива

Остани поврзан