• недела, 22 декември 2024

Шпанскиот Врховен суд ги укина клучните забрани за рекламирање игри на среќа

Шпанскиот Врховен суд ги укина клучните забрани за рекламирање игри на среќа

Мадрид, 29 октомври 2024 (МИА) - Врховниот суд на Шпанија донесе значајна одлука со која ја укина забраната за рекламирање игри на среќа преку телевизија и интернет, што претставува значителен пресврт за индустријата. Судот заклучи дека ваквата забрана нема уставна или правна основа, што ќе има далекусежни последици не само за Шпанија, туку и за членките на ЕУ, како и за земјите кандидати за членство.

Меѓу укинатите ограничувања е и забраната за појавување на познати личности во ТВ реклами, која беше оценета како повреда на слободата на говорот. Пресудата јасно укажува на потребата од усогласување на законските прописи кои балансираат помеѓу слободата на деловното работење и заштитата на потрошувачите, без прибегнување кон прекумерни забрани.

Оваа одлука претставува пресвртница за индустријата за игри и маркетинг во дигиталната ера, испраќајќи силна порака за важноста на пропорционалноста во регулирањето на деловните активности.

Клучни одлуки на Врховниот суд:

-Забраната за рекламирање од страна на приредувачите на игри на среќа беше прогласена за неуставна и незаконска. Ограничувањата што ги спречуваа познатите личности да се појавуваат во реклами се укинати поради нарушување на слободата на говорот. Онлајн рекламирањето сега е целосно дозволено. Оваа пресуда има посебно значење за Црна Гора, која е во процес на усогласување на законите со стандардите на ЕУ, а шпанскиот пример прави важен преседан за сите земји во регионот.

Во пресудата се нагласува дека забраните кои важеле претходно немаат правна основа, ниту на национално, ниту на ниво на ЕУ, и дека регулативата мора да биде во согласност со принципите на слобода на давање услуги, без непотребно ограничување на деловните интереси.

Оваа одлука не само што обезбедува слободно работење на операторите на игри, туку поставува и нови стандарди за идните регулативи во оваа област, не само во Шпанија туку и низ цела Европа. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан