Шпанија и Унгарија финалисти на СП во ватерполо
- Репрезентациите на Шпанија и на Унгќе играа во финалето на Светското првенство во спортови на вода што се одржува во Сингапур
Сингапур, 22.јули 2025 (МИА) - Репрезентациите на Шпанија и на Унгарија ќе играа во финалето на Светското првенство во спортови на вода што се одржува во Сингапур.
Во драматично прво полуфинале Шпанија дури по изведувањето на пенали успеа да ја совлада Грција со 11:9. Во регулраниот дел беше 7:7 иако Шпанија водеше со 6:3 на полувреме Грција ја надополни негативата, а „црвената фурија“ беше поуспешна на пенали со 4:2.
Во второто полуфинале во дуелот на „вечните ривали“ Србија - Унгарија . Унгарците имаа одличен старт и водство од 6:3 по првата четвртина, но Србија на полувреме изедначи на 8:8. Унгарија на крајот се радуваше на победа 19:18.
Во финалето во четврток ќе играат Шпанија - Унгарија, додека во дуелот за бронзениот медал ќе играат Грција - Србија. мн
Фото: ЕПА