• петок, 05 декември 2025

Шпанецот Сифуентес замена за Ван Нистелрој на клупата на Лестер

Шпанецот Сифуентес замена за Ван Нистелрој на клупата на Лестер

 

Лестер, 16 јули 2025 (МИА) – Шпанскиот фудбалски стратег Марти Сифуентес е нов тренер на Лестер објави синоќа тимот од Чемпионшип лигата.

Лестер се раздели со поранешниот тренер Руд ван Нистелрој минатиот месец откако клубот испадна од Премиер лигата.

На негово место седнува 43-годишниот Шпанец кој изминатите две години беше на клупата на Квинс Парк Ренџерс.

Во својата тренерска кариера Сифуентес ги предводеше и норвешки Сандефјорд, дански АаБ и шведски Хамарби, како и тимови од шпанските пониски лиги. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан