• недела, 22 декември 2024

Шојгу во посета на Пјонгјанг

Шојгу во посета на Пјонгјанг

Москва, 27 јули 2023 (МИА) - Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу му се придружи на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во обиколката на воена изложба на која се изложени забранети балистички проектили, објавија денеска севернокорејските државни медиуми, додавајќи дека двете страни ветиле дека ќе ги зајакнат односите.

Министерот Шојгу и кинеската делегација предводена од членот на Политбирото на Комунистичката партија Лиу Хонгџонг пристигнаа во Пјонгјанг на 70-годишнината од завршувањето на Корејската војна, која во Северна Кореја се слави како Ден на победата.

Проектилите кои можат да носат нуклеарни боеви глави се забранети со резолуција на Советот за безбедност на ОН, со поддршка и од Кина и од Русија.

Посетата на Шојгу е прва посета на руски министер за одбрана на Северна Кореја по 1991 година и распадот на СССР. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан