• вторник, 19 ноември 2024

Шолц: Силен знак на поддршка за Украина, која заедно со Молдавија припаѓа на европското семејство

Шолц: Силен знак на поддршка за Украина, која заедно со Молдавија припаѓа на европското семејство

Брисел, 14 декември 2023 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави вечерва дека договорот на европските лидери за отворање на пристапните преговори со Украина е „силен знак на поддршка и перспектива“ за таа земја и нагласи дека Украина и Молдавија припаѓаат на европското семејство.

„Едно е јасно: овие земји припаѓаат на европското семејство“, рече Шолц на социјалната мрежа „Икс“ (Твитер) по повод одлуката на Европскиот совет за почеток на пристапните преговори со Украина и Молдавија.

Европскиот совет одлучи да ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија, како и да и додели кандидатски статус на Грузија, соопшти претходно вечерва претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан