• недела, 22 декември 2024

Шолц се заложи за дипломатско решение за завршување на војната во Украина

Шолц се заложи за дипломатско решение за завршување на војната во Украина

Берлин, 13 август 2023 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска се заложи за дипломатско решение за завршување на војната во Украина, нагласувајќи дека сегашните разговори се многу важни и можат да овозможат мир. 

Во интервју за ЗДФ, тој рече дека минатонеделните мировни преговори во Саудиска Арабија биле многу важни. 

-Навистина, тие беа само почеток, но, сепак, тоа е нешто многу посебно, истакна тој. 

Германскиот канцелар кажа дека покрај земјите од Латинска Америка и Африка, во разговорите учествуваше и Кина, што може да биде начин за олеснување на мирот. 

-Затоа има смисла да се продолжат овие разговори, бидејќи, многу конкретно, тие го зголемуваат притисокот врз Русија да разбере дека е на погрешен пат и дека треба да ги повлече своите трупи и да дозволи мир, нагласи тој. 

Тој не ја исклучи испораката на крстосувачките ракети „Таурус“ за Украина. На прашањето зошто Германија сè уште не ги испорача тие проектили, Шолц објасни дека германската Влада, како и во минатото, секогаш внимателно ќе ја проверува секоја одлука „што функционира, што има смисла, каков може да биде нашиот придонес“, додавајќи дека не сака да се брза за ова прашање. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан