• недела, 22 декември 2024

Шолц и Зеленски потпишаа безбедносен договор

Шолц и Зеленски потпишаа безбедносен договор

Берлин, 16 ноември 2024 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Берлин потпишаа договор за долгорочни безбедносни обврски.

„Историски чекор. Германија ќе продолжи да ја поддржува Украина против руската агресивна војна“, напиша Шолц на социјалната мрежа Х.

Засега не се познати деталите од договорот.

Зеленски утринава пристигна во посета на Германија, а подоцна треба да отпатува за Париз.

Од Елисејската палата беше соопштено дека Зеленски во Париз ќе потпише безбедносен договор со францускиот претседател Емануел Макрон.

Во јануари Украина потпиша безбедносен договор со Велика Британија. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан