Шолц и Бербок се приклучија на протестот против екстремната десница во Потсдам
- Околу 10.000 лица се приклучија на неделниот собир околу стариот пазар, или Алтмаркт, изјави градоначалникот на Потсдам, Мајк Шуберт, кој повика на протестот. Потсдам е главен град на сојузната покраина Бранденбург, која граничи со Берлин, а таму живеат и Шулц и Баербок. Демонстрантите носеа транспаренти со пароли како „Ајде да се држиме заедно“ и други кои го фалат мултиетничкото население.
Берлин, 14 јануари 2024 (МИА) - Илјадници луѓе - меѓу кои и германскиот канцелар Олаф Шолц и министерката за надворешни работи Аналена Баербок - излегоа денеска на улиците на Потсдам, предградие на Берлин, за да протестираат против екстремизмот на десницата во земјата.
Протестите дојдоа неколку дена откако истражувачки извештај откри како крајнодесничарските екстремисти и политичарите од екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) се состанале за да разговараат за плановите за депортирање на милиони мигранти од Германија.
Околу 10.000 лица се приклучија на неделниот собир околу стариот пазар, или Алтмаркт, изјави градоначалникот на Потсдам, Мајк Шуберт, кој повика на протестот.
Потсдам е главен град на сојузната покраина Бранденбург, која граничи со Берлин, а таму живеат и Шулц и Баербок. Демонстрантите носеа транспаренти со пароли како „Ајде да се држиме заедно“ и други кои го фалат мултиетничкото население.
-Стојам овде како една од илјадниците жители на Потсдам кои се залагаат за демократија, против стариот и новиот фашизам, рече Баербок за ДПА.
На протестот учествуваа и лидерите на локалните партии од Социјалдемократската партија (СПД) на Шолц, конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Зелените и Левицата.
Протестот беше одговор на извештајот на медиумот Коректив( Correctiv) од изминатата недела, кој откри детали од состанокот во вила во Потсдам во ноември, на кој учествувале членови на АфД, некои членови на СДУ и конзервативната група Вертеунион (Werteunion).
Поранешниот лидер на екстремно десничарското австриско движење Идентитаризам, Мартин Селнер, потврди за ДПА дека на тој состанок зборувал за депортација или „ремиграција“ на мигрантите.
Десничарските екстремисти најчесто го користат терминот „ремиграција“ за да го опишат заминувањето на голем број луѓе родени во странство од една земја - дури и под принуда.
Според Лпректив, Селнер именувал три целни групи за време на состанокот во Потсдам: баратели на азил, странци со право на престој и „неасимилирани граѓани“.
Градоначалникот на Потсдам, Шуберт, рече дека „тие планови не потсетуваат на најтемното поглавје од германската историја“. Затоа, време е Германците да го покажат своето лице и да ја бранат демократијата, рече тој. сд/
фото: ДПА