• петок, 22 ноември 2024

Шолц го поздрави усвојувањето од страна на ЕП на миграцискиот пакт, а Туск предупреди дека Полска нема да прифати преселување имигранти во ЕУ

Шолц го поздрави усвојувањето од страна на ЕП на миграцискиот пакт, а Туск предупреди дека Полска нема да прифати преселување имигранти во ЕУ

Брисел, 10 април 2024 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц го поздрави како неопходен историски чекор усвојувањето на миграциската реформа во ЕУ.

„Оваа реформа овозможува солидарност меѓу европските земји. Таа ја ограничува илегалната миграција и конечно им олеснува на земјите кои се особено погодени“, рече Шолц.

Во исто време, полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека Полска нема да прифати механизам во ЕУ за преселување на имигрантите и покрај одобрувањето од Европскиот парламент за миграциската реформа во блокот.

Миграцискиот пакт усвоен претходно денеска од ЕП го реформира миграцискиот систем во Унијата со намалување на роковите на соодветните процедури за азил и зголемување на враќањето на мигрантите од Блискиот Исток и Африка на кои не им е одобрен азил во блокот.

Миграцијата повторно беше еден од водечките приоритети во дневниот ред на ЕУ. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан