Шмихал: САД ќе и обезбедат на Украина 15 милијарди долари од замрзнатите руски средства
- САД ќе и обезбедат на Украина 15 милијарди долари од профитот заснован на вложување во замрзнати руски средства, изјави украинскиот премиер Денис Шмихал.
Киев, 30 декември 2024 (МИА) - САД ќе и обезбедат на Украина 15 милијарди долари од профитот заснован на вложување во замрзнати руски средства, изјави украинскиот премиер Денис Шмихал.
Шмихал на Телеграм напиша дека релевантниот договор е потпишан од украинското Министерство за финансии и Светска банка.
Тој посочи дека средствата ќе бидат наменети за социјални и хуманитарни трошоци. паг/
Фото: МИА архива