• четврток, 19 декември 2024

Шмихал: Русија повторно се обидува да го уништи украинскиот енергетски систем

Шмихал: Русија повторно се обидува да го уништи украинскиот енергетски систем

Киев, 10 февруари 2023 (МИА) – Украинскиот премиер Денис Шмихал за украинските медиуми изјави дека руските сили денеска лансирале повеќе од 50 проектили кон Украина, од кои повеќето биле соборени.

- Русија не може да го прифати поразот и затоа продолжува да го тероризира населението во Украина. Денеска видовме нов обид за уништување на украинскиот енергетски систем, чија цел е да ги лиши Украинците од светлина, топлина и вода, напиша Шмихал на социјалните мрежи.

Официјален Киев претходно соопшти дека руската армија денеска истрелала 71 крстаречка ракета во масовниот ракетен напад врз Украина, од кои 61 биле пресретнати.

Крстосувачките ракети биле лансирани од руски бродови и авиони, соопшти украинскиот генералштаб во својот вечерен извештај за состојбата.

Дополнително, според прелиминарните пребројувања, Русија истрелала 29 ракети од системот С-300, кој всушност е наменет за воздушна одбрана, врз копнени цели во Украина.

ДПА нагласува дека бројките не можат независно да се проверат. јт/

Остани поврзан