• петок, 05 декември 2025

Шмит го информира Европскиот парламент: Кризата во БиХ е решлива

Шмит го информира Европскиот парламент: Кризата во БиХ е решлива

Сараево, 14 мај 2025 (МИА) - Високиот претставник Кристијан Шмит го информираше Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент за причините за застојот во процесот на европска интеграција на Босна и Херцеговина, истакнувајќи ги политичките и финансиските предизвици со кои се соочува земјата.

Тој нагласи дека кризата е решлива, но дека одредени актери треба да ги стават интересите на земјата пред партиската политика.

-Мораме да работиме во интерес на граѓаните на БиХ, мора да соработуваме за да помогнеме во воспоставувањето функционална држава која брзо ќе напредува на патот кон европска интеграција, нагласи тој.

Претставниците на институциите на Република Српска не го признаваат Кристијан Шмит за висок претставник во БиХ, сметајќи дека тој не е назначен во согласност со релевантната резолуција на Советот за безбедност на ООН. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан