• недела, 17 ноември 2024

Шмит во Брисел: Задржување на инструментите за зачувување на Дејтон клучно за спречување на сецесионизмот

Шмит во Брисел: Задржување на инструментите за зачувување на Дејтон клучно за спречување на сецесионизмот

Бањалука, 14 ноември 2023 (МИА) – Високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит во Брисел оцени дека задржувањето на инструментите за зачувување на Дејтонскиот мировен договор е клучно за сузбивање на сецесионистичките активности и антидејтонското однесување.

За време на неговата дводневна посета на Брисел, Шмит имаше средби со високи европски претставници, меѓу кои и италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани и европскиот комесар за соседство и проширување Оливер Вархеји, соопшти Канцеларијата на високиот претставник (ОХР).

Високиот претставник ја истакна важноста на евроатлантскиот пат на Босна и Херцеговина и ја нагласи неопходноста од конструктивен и продуктивен ангажман на политичкото раководство на Босна и Херцеговина во спроведувањето на потребните реформи.

- Има уште многу работа пред нас. Стандардите на ЕУ мора да се применат во Босна и Херцеговина, како и во секоја земја што претендира да се приклучи на Европската унија, рече Шмит.

Во разговорите што ги водеше во Брисел, високиот претставник истакна дека спроведувањето на Дејтонскиот мировен договор и интеграцијата во ЕУ не се меѓусебно исклучувачки или контрадикторни процеси.

- Напротив, тие меѓусебно се надополнуваат и го зајакнуваат заедничкиот напредок, оцени Шмит.

Тој додаде дека „меѓународната соработка и обединетиот ангажман во Босна и Херцеговина продолжуваат да бидат од витално значење за успехот, заедно со заедничката работа на сите домашни актери“.

Одлуките на високиот претставник, кои ги решија застоите, сега им овозможуваат на политичарите да работат на постигнување понатамошен напредок, наведе ОХР. јт/

Фото: Х

 

Остани поврзан