• понеделник, 23 декември 2024

Шкупи се засили со Алжирец и Сенегалец

Шкупи се засили со Алжирец и Сенегалец
Скопје, 13 јули 2021 (МИА) – Алжирецот Валид Хамиди (24) и Сенегалецот Мухамаду Бери (22) се нови фудбалски имиња во редовите на Шкупи, соопшти попладнево македонскиот вицешампион. - Среќен сум што дојдов во овој клуб и мојата порака до навивачите е дека ќе дадам сè од себе да имаме успешна сезона, изјави Хамиди за клупскиот сајт. Двете најнови странски засилувања ќе бидат во конкуренција за настап на задутрешниот реванш-натпревар од 1. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига против косовскиот претставник Љапи, на кој Шкупи ќе ја брани предноста од 2:0 од првиот натпревар во Скопје. ег/аа/

Остани поврзан