• среда, 18 декември 2024

Шкријељ: Нашите деца заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ, дома, во својата држава

Шкријељ: Нашите деца заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ, дома, во својата држава

Скопје, 2 септември 2023

Членството во ЕУ е нашата единствена алтернатива која значи подобар животен стандард, поголеми плати, подобро образование, шанса за младите но и европски вредности.

Една од најголемите придобивки е создавање на реални услови за голем раст на платите за сите работници.

Кај сите држави кои станале членки во првите пет години по зачленувањето во ЕУ платите се зголемиле над 50 отсто, а некаде и за многу повеќе.

Ова е директна придобивка за куповната моќ за граѓаните, за работниците, за нивниот смеен буџет и животен стандард.

СДСМ во изминатите неколку години ја зголеми минималната плата од 8.000 денари на над 20.000 денари. Со членство во ЕУ минималната плата има реални шанси да се покачи двојно.

Интеграцијата ќе им понуди шанса на младите за подобро образование но и учество во различни програми за млади, иновации и културни фондови финансирани од ЕУ.

За младите претприемачи и стопанственици значи пристап до најголемиот внатрешен пазар во светот, кој има повеќе од 500 милиони потрошувачи и 30 милиони компании, без никакви бариери.

Економските придобивки се повеќе од јасни.

Но, исто така многу важно, членството во ЕУ доаѓа со позитивни промени за изградба на општество според европски стандарди и правила.

Интегрирано општество значи инклузивно, кохезивно и функционално општество, вистински сервис за сите граѓани.

Токму затоа уставните измени се чекор напред на европскиот пат, со што по членството во НАТО ќе ја оствариме и втората стратешка цел, полноправно членство во ЕУ, до 2030.

Ова е прв пат нашата иднина да е единствено во наши раце, не смееме сами да ја блокираме нашата иднина и иднината на следните генерации.

Ние, нашите млади, нашите деца, заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ, но тука, дома, во својата држава.

Прес-конференција на пратеничката Санела Шкријељ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан