• сабота, 23 ноември 2024

Шкоро во самоизолација поради контакт со заразен со Ковид-19

Шкоро во самоизолација поради контакт со заразен со Ковид-19
Загреб, 16 октомври (МИА) - Претседателот на Татковинското движење и потпретседател на хрватскиот Парламент, Мирослав Шкоро на Фејсбук објави дека е во самоизолација откако во средата учествуваше на седницата на Парламентарниот комитет во средата, на која еден од присутните денеска ја потврди инфекцијата на Ковид-19. Шкоро ќе биде во самоизолација до 29 октомври, а во објавата напиша дека е информиран попладнево. „Попладнево ме известија дека треба да одам во самоизолација до 29 октомври, доколку не развијам симптоми“, вели Шкоро и додава дека засега нема никакви симптоми, но дека ќе ја следи препораката да остане дома. „Уште еднаш изразувам жалење што ниту останатите пратеници поради присилно прекинување нема да можат да ја извршуваат работата за која се избрани, иако немаат коронавирус, затоа што Андреј Пленкович така одлучи, укинувајќи го парламентаризмот во Хрватска во следните две недели“, порача Шкоро. паг/  

Остани поврзан