• петок, 22 ноември 2024

Школа за млади лидери „Peace Forum Dialogue“ за годишнината од Охридскиот договор

Школа за млади лидери „Peace Forum Dialogue“ за годишнината од Охридскиот договор
„PFD“: Развојот на општеството зависи од интеграцијата на заедниците По повод одбележувањето на 21-та годишнина на Охридскиот договор, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ја организира Школата за млади лидери „Peace Forum Dialogue“. Училиштето ги отвори вратите за младите во Маврово и се одржува од 10-ти до 12-ти август, додека се планира да се претвори во традиционална организација заедно со „Peace Festival" што ќе се одржи на 13 август на плоштадот Скендербег во Скопје. Во рамките на Школата за млади лидери, предавања пред младите учесници одржаа проф. д-р Лидија Георгиева, проф. Др. Гордан Георгиев, Џелал Хоџиќ, Роберт Алаѓозовски, Проф. Др. Јусуф Зејнели, проф. Др. Ризван Сулејмани, доц. д-р Ведије Раткоцери и Џабир Дерала. Заменик министерот Џабир Доко на отворањето истакна дека ова училиште претставува можност за младите да стекнат нови знаења за настаните во општеството. „Имав задоволство да им се обратам на младите учесници кои се движечка сила на општеството. Ова школо претставува можност за младите да стекнат нови знаења за настаните во општеството. Им посакувам успех во деновите што следат и очекувам соработката да продолжи и во иднина“ - нагласи Доко. За Охридскиот договор и неговата долговечност зборуваше професорката на Филозофскиот Факултет, Лидија Георгиева. Георгиева истакна дека треба да им се оддаде признание на оние кои го спроведоа овој договор што донесе мир во нашата земја. "Мора да им се оддаде признание на "актерите“ кои го реализираа и спроведоа Охридскиот договор. Имаме договори кои траат само еден месец, тоа се лоши договори“, рече Георгиева, која истотака додаде дека секогаш треба да се бараат што е можно подобри решенија. Професорот на Факултетот за правни и политички науки и поранешен политичар, Гордан Георгиев, на предавањето на тема „Лидерството во комплицирани политички времиња“, зборуваше за тоа кои се главните постулати на лидерството, како да се следи и да се стане лидер, истакнувајќи дека "21 век е век на лидерска криза“. За да биде долгорочен и добар лидер, лидерот мора да има механизам да ги слуша луѓето околу него, дури и она што не сака да го слушне и да замине во вистинско време!“, рече Георгиев. Поранешниот министер за култура и национален координатор за политики за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски, во своето предавање на Школата за млади лидери „Peace Forum Dialogue“ истакна дека приоритетите и целите треба да бидат насочени кон ревизија на актуелните закони и законски рамки и нивна реафирмација. "Нагласени се неколку проблеми, како што е недоволната застапеност на помалите заедници и непочитувањето на сите права што им се дадени на заедниците со Уставот и Охридскиот рамковен договор. Во стратегијата се споменуваат недостигот на капацитети, недовербата на граѓаните во судството и неспроведувањето на актуелните закони", кажа Алаѓозовски. На вториот ден од Школата за млади лидери „Peace Forum Dialogue“ предавање на тема „Интегративни процеси“ одржа заменик директорот на Агенцијата за остварување на правата на немнозинските заедници, Џељјо Хоџиќ. Тој рече дека Охридскиот рамковен договор целосно ја промени нашата држава. Развојот на општеството зависи од интеграцијата на заедниците во него, дека различноста е наше богатство и целта е да изградиме општество со еднакви можности. Универзитетскиот професор Јусуф Зејнели зборувајќи за Охридскиот договор и неговите достигнувања, 21 година по неговото потпишување, рече дека благодарение на Охридскиот договор сме безбедна земја и не сме загрозени од војните што ги има околниот регион. "Благодарение на Договорот потпишан пред 21 година, ние сме членка на НАТО и го олеснивме патот на интеграција во Европската унија" - истакна Зејнели. Живот во една мултикултурна земја во која заедно ги уриваме сите бариери, нема подобар начин од ова што го гледаме денес. Од таа средина каде што комуницирате заедно, ги доживувате тие вредности, само така може да дејствувате бидејќи работите се прават со добар менаџмент и ова школо ви дава знаење за мултикултурниот живот, покажува што е интеграција и нашата земја е токму пример за цел свет, истакна меѓу другите во своето предавање проф. Др. Ризван Сулејмани. „Камениот мост во Скопје го поврзува градот и на Турците им требаа 8 години да го изградат мостот во тоа време, додека Чаршијата беше изолирана 8 години, потребни беа 8 години за да се изгради комуникација помеѓу двете народи бидејќи имаше разни дезинформации и токму тоа влијаеше за да се продлабочат поделбите, затоа политиката, медиумите и пропагандата се поврзани заедно една со друга, истакна меѓу другото Џабир Дерала од Цивил. Влада на Република Северна Македонија Кабинет на Првиот Потпретседател на Владата Министерство за Политички систем и односи меѓу заедниците Сектор за медиуми и односи со јавноста __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. --

Остани поврзан