Шишковски останува во Борац, соработката наскоро ќе биде продолжена
- Македонскиот голман Дамјан Шишковски пристигна во Борац Бања Лука минатото лето и се чини дека ги оправда очекувањата бидејќи се очекува наскоро да го продолжи договорот со клубот
Бања Лука, 15 мај 2025 (МИА) - Македонскиот голман Дамјан Шишковски пристигна во Борац Бања Лука минатото лето и се чини дека ги оправда очекувањата бидејќи се очекува наскоро да го продолжи договорот со клубот.
Голманот пристигна во Борац пред почетокот на сезоната, откако половина сезона помина во Арарат, Ерменија.
Шишковски потпиша едногодишен договор со Борац, но се чини дека успеа да ги оправда очекувањата.
Како што пишуваат медиумите во БиХ, Шишковски (30) ќе остане во Борац и следната сезона и се очекува да го продолжи договорот со клубот.
Шишковски досега има вкупно 22 настапи во сите натпреварувања за Борац оваа сезона. дс
Фото: Принтскрин