• сабота, 23 ноември 2024

Шилегов: Реконструкциите на улиците не се врзани со изборната кампања, Бени Шаќири во втор круг ќе ме поддржи мене

Шилегов: Реконструкциите на улиците не се врзани со изборната кампања, Бени Шаќири во втор круг ќе ме поддржи мене
Скопје, 6 септември 2021 (МИА) - Ако досега се направиле 40-ина реконструкции на главни улици, тогаш не можете да ги поврзувате со изборната кампања и овие реконструкции беа најавени уште во април или мај, истакна на денешната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов. - Ние во текот на овие четири години извршивме реконструкција на над 40 главни сообраќајници и секогаш овој е периодот кога се гради. Не е врзан интензитет или промоција на реконструкција на определена улица со изборите, туку е нешто што како редовна појава се појавува во нашиот град. јас разбирам дека секоја реконструкција внесува промени во секојдневието на нашите граѓани, но успеавме да внесеме квалитети во брзината, квалитети во интензитетот на работењето со цел тоа попречување при вршење на реконструкцијата заврши. За четириесетина дена ја завршивме реконструкцијата на „Партизанска“ и на булеварот „Александар Македонски“ кичмата на сообраќајот во Скопје, сега сме на „Крсте Петков Мисирков“ кај МНАУ. Верувам дека реконструкцијата кај „Крсте Мисирков“ нема да трае повеќе од 20 дена за двата правца вкупно. За мене е многу битно дека сме посветени, брзо работиме, рече Шилегов, демантирајќи ги обвинувањата од опозицијата во врска со неговиот имот. Коментирајќи ја кандидатурата на Бени Шаќири за градоначаник на Скопје од страна на партиите ДОМ и ЛДП, Шилегов изрази убедување дека во вториот круг Шаќири него ќе го поддржи. - Јас и Бени сме другари, пријатели. Јас ја почитувам сечија амбиција да направи исчекор во политиката во нашата држава. Јас убеден доколку има втор круг, Бени Шаќири ќе ме поддржи мене, рече тој. Во врска со јавниот превоз, скопскиот градоначалник рече дека сите капацитети работат во нормален воизен ред во ЈСП, но посочи дека е потребна реформа бидејќи овој превоз е конципиран по основ на студија направен во 1984 година - Јавниот превоз во Скопје е во полн капацитет пуштен во промет толку колку што во овој момент можеме. Неколку наврати во минатото јас кажував дека за жал овој превоз е конципиран по основ на студија направен во 1984 година и ни е потребна реформа. Јас сум горд што со екипата на луѓе околу мена успеавме да го сработиме Брз рапид транзитот, за жал, не успеавме да го имплементираме затоа што е сериозно комплексен проект и мислам дека со решавањето, воведувањето на еден нов систем, нема да имаме проблем од ваков карактер, рече Шилегов. Тој истакна дека нема информации дека има било каков проблем во некое училиште и апелира до секој како родител, како јавност ако дознае за такви работи да ги известат нив или Министерството за образование, со цел, како што рече, Државниот просветен инспекторат ја санкционира таа состојба и да го доведеме работите во ред затоа што безбедноста и доброто здравје на секој средношколец е имератив за секој од нас. - Протоколите ги има утврдени Министерството за здравство со соработка со Министерството за образование и наука, ние тие протоколи ги применуваме и на тие протоколи се придружуваме и секогаш апелирам како градоначалник на град не само до децата туку и до нивните родители и семејства да се придружуваме и да се грижиме за сопственото здравје почитувајќи ги протоколите. Ако се грижиме за сопственото здравје, се грижиме и за здравјето на луѓето кои се околу нас. Никој нема ќар од тоа ако било кој се разболе. Во скопските средни училишта се работи во неколку смени, оптимално да го воведеме процесот на образование. Ние пред почнувањето ан училишната година направивме анкета меѓу средношколците во Скопје, некаде 22.500 а само 250 деца се изјаснија дека сакаат онлајн настава. Децата сакаат да бидат во училипте. Нашара примарна цел е да ги задржиме во тој процес што е можно повеќе, што е можно побезбедно за секој од нив и се придружуваме на она што како протокол е утврдено од страна на Министерството за здравство и Министерството за образование и наука, рече Шилегов.фф/са/

Остани поврзан