• недела, 22 декември 2024

Шилегов: Петровска беше презадоволна од работата на градот и инспекторатот, ќе биде предизвик да си ги размениме мислењата

Шилегов: Петровска беше презадоволна од работата на градот и инспекторатот, ќе биде предизвик да си ги размениме мислењата
Скопје, 17 август 2021 (МИА) – Од позициите што Ана Петровска ги имаше во Министерството за животна средина и државниот инспекторат, беше презадоволна од работата и функционирањето како на градот така и на Инспекторатот за животна средина, изјави градоначалникот Петре Шилегов, по информацијата дека поранешната директорка на Државниот инспекторат за животна средина ќе биде кандидат за градоначалник на Град Скопје на коалицијата „Зелен хуман град“ на претстојните локални избори. -Во демократска држава како што е нашата, правото да се бира и да се биде биран е неприкосновено право на секој граѓанин, она што го знам имајќи предвид дека позициите кои што ги има Петровска во Министерството за животна средина и во Државниот инспекторат за животна средина, таа беше презадоволна од работата, истакна Шилегов во изјавата за медиумите кај велосипедската патека на булеварот „Александар Македонски“. Тој рече дека доколку Петровска имала некаков приговор требало да го истакне во перидот кога имале добра соработка, како и дека ќе биде предизвик во изборната кампања да се слушнат нејзините размислувања. -Да, ќе биде предизвик да се чујат нејзините размислења, бидејќи доколу имала приговор зошто тој приговор не го истакнала во фазата кога имавме многу добра соработувавме, ќе потсетам дека за поморот на Вардар и загадувањето од страна на Железара, градскиот, а не државниот инспекторат излезе, исто и за медицинскиот отпад, борбата со Дрисла ја добивме ние не ја доби државниот инспекторат, така да ќе биде предизвик да во кампањата ги размениме милењата токму од оваа позиција, заклучи Шилегов.свс/са/

Остани поврзан