• недела, 22 декември 2024

Шилегов: Парите планирани за барокни фасади на „Скопје 2014“ ги пренаменивме за реконструкции на училишта

Шилегов: Парите планирани за барокни фасади на „Скопје 2014“ ги пренаменивме за реконструкции на училишта
Скопје, 29 октомври 2021 (МИА) - Средното училиште „Кочо Рацин“ е последното од 14-те училишта во Скопје кое што добива целосно нова енергетски ефикасна фасада, а други реконструкции на објектите беа направени во сите 23 средни училишта. За оваа реконструкција, која што беше започната годинава, како што информираше на денешната прес-конференција актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, се инвестирани 52 милиони денари од буџетот на Градот. - Исклучително важно е да потсетиме. Овие реконструкции на фасадите ги започнавме пред три и пол години со пренамена на средства во висина од 70 милиони денари, што тогаш беа наменети за изградба на барокни фасади во центарот на градот, како дел од криминалниот проект Скопје 2014, посочи тој. Шилегов дополни дека денеска со гордост може да каже дека ја оствариле основната цел. - Сите средни училишта во Град Скопје имаат енергетски ефикасни фасади и услови за нормално и достоинствено одвивање на наставниот процес. Тоа го направивме и за учениците и за вработените во училиштето. Нашите деца, нашите најсакани заслужуваат да учат во подобри услови. Нашите наставници, луѓето од оваа исклучително важна и тешка, но, и благородна професија, заслужуваат да работат во подобри услови, рече Шилегов. Тој ги повика граѓаните да гласаат в недела, за, како што нагласи „да можеме да продолжиме заедно во оваа насока“. На новинарско прашање за очекувањата од исходот од гласањето во Општина Ѓорче Петров и кои гласови смета дека ќе бидат пресудни, Шилегов одговори дека секој глас на секој граѓанин е важен. ар/сп/

Остани поврзан