• среда, 27 ноември 2024

Шилегов изврши увид во завршните градежни работи на новиот мост на булевар АСНОМ

Шилегов изврши увид во завршните градежни работи на новиот мост на булевар АСНОМ
Скопје, 30 септември 2021 (МИА) - Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска изврши увид во завршните градежни работи на новиот мост на булевар АСНОМ, кој според проценките треба да биде пуштен во употреба за 30-тина дена. - Мостот на кој се наоѓаме, по кој ќе се движат скопјани после 30-тина дена е мост со шест сообраќајни ленти, две велосипедски и две пешачки патеки. Мостот ќе го скрати движењето на скопјани, од овој дел на градот од Ново Лисиче до Мавровка за повеќе од 70 отсто од времето што граѓаните на Аеродром го губат за да дојдат до центарот на нашиот град, рече Шилегов на прес-конференцијата. Меѓутоа, како што додаде, ова претставува и нов коридор кој овозможува голем развој на еден дел кој бил запоставен во нашиот град - Ќерамидница. - Со пробивањето на вакви нови коридори, со храбрите пробивања на ваквата инфраструктура, имајќи предвид дека веќе во Ќерамидница рушиме објекти кои се наоѓаат на трасата, градот ја добива својата можност за развој. Ова е првиот од двата моста после повеќе децении, за првпат се градат два моста истовремено, овој кој го завршуваме и тој кој го работиме во Карпош 4, рече Шилегов, кој е кандидатат за градобачалник на коалицијата предводена од СДСМ на претстојните избори. мс/сп/

Остани поврзан