• петок, 22 ноември 2024

Шилегов ги повика скопјани да излезат на улиците и да ги поздрават маратонците

Шилегов ги повика скопјани да излезат на улиците и да ги поздрават маратонците
Скопје, 3 октомври 2021 (МИА) - Развивањето на спортот и промоцијата на здравиот начин на живеење беше една од нашите заложби во изминатите четири години. Маратонот Виз Ер, како важен дел од нашите активности, стана еден симбол на Скопје, кој од година в година станува сѐ подобар и попосетен, напиша денеска кандидатот за градоначалникот на Град Скопје од СДСМ и Коалицијата Петре Шилегов на Фејсбук. -Денес, на овој голем спортски празник за градот, но и за нашата држава, имаме чест да го организираме 17-тиот по ред Скопски маратон, каде на наше големо задоволство, имаме можност да бидеме дел од еден Европски, па дури и светски настан. Ги повикувам сите скопјани да ни се придружат, да излезат на балконите и на улиците и да ги поздрават маратонците кои со своето присуство денес придонесуваат за развивање на оваа убава спортска приказна, пишува Шилегов. На улиците на Скопје денеска по 17-ти пат се одржува традиционалниот Виз Ер Скопски маратон, на кој ќе има околу 7.000 учесници, од кои најголемиот дел се домашни спортисти. Учесниците на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт тргнаа од стартот во 8 часот, а тркачите на 5 километри во 8:10 часот тргнаа од платото пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде ќе биде и целта на овогодишниот маратон. Патеката по која учесниците трчаат ќе биде иста, како и претходната година, а дел од скопските улици во периодот од 7:30 до 14 часот ќе имаат привремен режим на сообраќај и промена на режимот на работа на линиите на Јавниот градски превоз. Виз Ер Скопскиот Маратон е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб „Работнички” од Скопје, под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт. мд/

Остани поврзан