• петок, 20 декември 2024

Шиитска милитантна група тврди дека нападнала американска воена база во Ирак

Шиитска милитантна група тврди дека нападнала американска воена база во Ирак

Багдад, 27 декември 2023 (МИА) - Шиитската вооружена група Исламски отпор во Ирак тврди дека гранатирала американска воена база на меѓународниот аеродром во Ербил, лоцирана на периферијата на градот Ербил во Ирачки Курдистан, автономен регион во северен Ирак.

Оваа група, во објава на платформата Телеграм, изјави дека нападот бил извршен со беспилотни летала и дека целта е „да се спротивстави на американските окупациски трупи во Ирак и да се одговори на злосторствата извршени од Израел врз палестинскиот народ во Газа.

Шиитските милитантни групи претходно ги предупредија Соединетите држави дека „ќе го зголемат бројот на воени операции во Сирија и Ирак, бидејќи американскиот противник продолжува да испраќа воена помош за израелската армија, која убива цивили во Појасот Газа и во јужен Либан“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан