• четврток, 19 декември 2024

Шефот на Хамас оди во Египет на разговори за прекин на огнот во Газа

Шефот на Хамас оди во Египет на разговори за прекин на огнот во Газа

Газа, 19 декември 2023 (МИА) - Шефот на Хамас Исмаил Ханије утре треба да отпатува во Египет на разговори за прекин на огнот во Појасот Газа и за размена на затвореници со Израел, изјави денеска извор од тоа палестинско исламистичко движење.

Во Египет, тие треба да разговараат со шефот на египетската разузнавачка служба, Абас Камел, за „запирање на агресијата и војната со цел да се подготви договор за ослободување на затворениците и прекин на опсадата наметната на Појасот Газа, изјави извор, пренесе Бета.

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска пред група амбасадори на 80 земји изјави дека Израел е подготвен за втор прекин во конфликтот со Хамас во замена за ослободување на уште заложници од Појасот Газа.

За време на еднонеделното примирје на крајот на ноември беа ослободени 105 заложници, во замена за ослободување на 240 палестинки и малолетници од израелските затвори, јавуваат израелските медиуми. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан