• петок, 22 ноември 2024

Шефот на полската дипломатија ја обвини Германија дека се обидува да се меша во внатрешните работи на земјата

Шефот на полската дипломатија ја обвини Германија дека се обидува да се меша во внатрешните работи на земјата

Варшава, 25 септември 2023 (МИА) - Полскиот министер за надворешни работи Збигнев Рау ја обвини Германија дека се обидува да се меша во внатрешните работи на неговата земја, откако германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека Варшава мора да ги разјасни наводите дека полските конзулати во Африка и Азија продавале привремени работни визи на мигрантите за илјадници долари.

Полската десничарска владејачка партија Право и правда се соочува со прашања во врска со наводната шема пред националните избори на 15 октомври, на кои се стреми да добие трет мандат.

Шолц, чија влада е под притисок да стори повеќе за да ја спречи миграцијата во Германија, во саботата ја повика соседна Полска да објасни што се случува.

„Не сакам луѓето од Полска само да бидат пропуштени и дури потоа да разговараме за политиката за азил“, изјави Шолц за германската новинска агенција ДПА.

Полскиот министер за надворешни работи доцна синоќа на мрежата Икс одговори дека изјавата на Шолц „ги крши принципите на суверена еднаквост на државите“.

Тој додаде дека апелирал до Шолц „да го почитува суверенитетот на Полска и да се воздржува од изјави кои им штетат на односите“. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан