• петок, 22 ноември 2024

Шефот на ОН го критикува планираниот израелски закон за забрана на агенцијата за помош

Шефот на ОН го критикува планираниот израелски закон за забрана на агенцијата за помош

Њујорк, 9 октомври 2024 (МИА) - Предлог-законот пред израелскиот Парламент ќе ја запре работата на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), предупреди вчера генералниот секретар, Антонио Гутереш.

-Затоа му пишав директно на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху за да изразам длабока загриженост за нацрт-законот што може да ја спречи УНРВА да продолжи со својата суштинска работа на окупираната палестинска територија, рече Гутереш.

Тој рече дека нацрт-законите се обидуваат да ја иселат агенцијата од нејзините простории на териториите под израелска контрола и да ги укинат нејзините привилегии и имунитети.

-Развојот доаѓа кога војната во Газа влегува во „грозоморна, одвратна втора година“ и во услови на закана од поширока ескалација во регионот, рече Гутереш.

Доколку биде усвоен од Кнесетот, законите најверојатно ќе му нанесат удар на меѓународниот хуманитарен одговор во Газа, додаде тој.

Израел соопшти дека неколку вработени на УНРВА биле вклучени во убиствата на 7 октомври, што го поттикна актуелниот конфликт во Газа. мс/

фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан