• петок, 20 декември 2024

Шефот на Ла Лига ја повика ФИФА да го укине Светското клупско првенство во 2025 година

Шефот на Ла Лига ја повика ФИФА да го укине Светското клупско првенство во 2025 година

Мадрид, 15 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас ја повика ФИФА да го откаже Светското клупско првенство во 2025 година. Според него, претстојниот турнир ќе доведе до неорганизираност во фудбалскиот календар.

-Господине претседателе на ФИФА, знаете дека ги немате спонзорите кои ги планиравѕе и знаете дека лигите и синдикатот на играчи не го сакаат ова Светско првенство. Откажете веднаш, изјави Тебас, цитиран од „Марка“.

Претходно, во врска со ажурираниот формат на Светското клупско првенство, европскиот огранок на Меѓународната федерација на асоцијации на професионални фудбалери (ФИФПро) и Ла Лига поднесоа жалба против ФИФА до Европската комисија. Во летото ФИФПро поднесе тужба против ФИФА.

Светското клупско првенство во обновен формат ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули 2025 година во САД. На турнирот за прв пат ќе учествуваат 32 клуба.

Натпреварите ќе се играат во државите Њу Џерси, Шарлот, Синсинати, Лос Анџелес, Мајами, Нешвил, Орландо (два стадиони), Филаделфија, Сиетл, Вашингтон и Атланта. дс

Фото: Архива

Остани поврзан