Шефот на израелската армија вети дека Јахја Синвар ќе биде пронајден и ликвидиран
- Шефот на израелската армија Херзи Халеви денеска вети дека ќе го пронајде и елиминира новиот шеф на Хамас, Јахја Синвар, пренесоа француските медиуми.
Тел Авив, 7 август 2024 (МИА) - Шефот на израелската армија Херзи Халеви денеска вети дека ќе го пронајде и елиминира новиот шеф на Хамас, Јахја Синвар, пренесоа француските медиуми.
-Ќе ги умножиме напорите да го најдеме, да го нападнеме и да го принудиме (Хамас) уште еднаш да го смени шефот на политичкото биро на движењето, рече Халеви.
Синвар, вчера вечерта беше избран за шеф на организацијата и го наследи Исмаил Ханија, кој беше убиен минатата недела во Техеран. Хамас и Иран го припишуваат убиството на Израел.
Халеви им рече на израелските воени пилоти дека оваа нова титула за Синвар нема да го промени фактот дека тој е убиецот одговорен за планирање и извршување на нападот на 7 октомври.
И израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац вчера изјави дека Синвар мора брзо да се елиминира. мс/
фото: МИА архива