• среда, 25 декември 2024

Шефот на ИДФ вети дека војската ќе стигне до секој што им се заканува на израелските цивили

Шефот на ИДФ вети дека војската ќе стигне до секој што им се заканува на израелските цивили

Тел Авив, 20 септември 2024 (МИА) – Началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-полковник Херзи Халеви, по атентатот на високиот командант на Хезболах, Ибрахим Акил во Либан, вети дека војската ќе стигне до секој што им се заканува на израелските цивили.

- Командантите на Хезболах што ги елиминиравме денеска со години планираа „7 октомври“ на северната граница. Стигнавме до нив и ќе стигнеме до секој кој ја загрозува безбедноста на граѓаните на државата Израел, рече Халеви во изјава објавена од ИДФ. јт/

Остани поврзан