• петок, 22 ноември 2024

Шефот на британската дипломатија мораше да се засолни за време на посетата на Израел поради ракетниот напад на Хамас

Шефот на британската дипломатија мораше да се засолни за време на посетата на Израел поради ракетниот напад на Хамас

Лондон, 12 октомври 2023 (МИА) - Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли изјави дека имал личен „увид во она што милиони луѓе секојдневно го доживуваат“ во Израел, откако, за време на посетата на југот на земјата, тој мораше да оди во засолништето поради ракетен напад од страна на палестинското милитантно движење Хамас.

Израелското Министерство за надворешни работи објави видео на кое се гледа како Клеверли и други службеници брзаат кон засолништето придружени со звукот на сирените за воздушен напад.

Клеверли беше во посета на Офаким, а тој и неговиот израелски колега Ели Коен се сретнаа со преживеаните од нападот на Хамас во текот на викендот.

-Заканата од ракетите на Хамас виси над секој Израелец – маж, жена и дете. Затоа стоиме рамо до рамо со Израел, напиша Клеверли на социјалната мрежа „Х“. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан