• петок, 26 април 2024

Шефот на албанската дипломатија, Игли Хасани, во посета на Хашим Тачи во Хаг

Шефот на албанската дипломатија, Игли Хасани, во посета на Хашим Тачи во Хаг

Тирана, 17 април 2024 (МИА) – Албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани во Хаг го посетил поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кому му се суди за воен злосторства, при што му ветил дека ќе сторат се за отворен и транспарентен судски процес.

„Албанската дипломатија, како и досега, ќе инсистира на спроведување на стандардите за отворен и транспарентен судски процес, со целосно почитување на човековите права согласно меѓународните конвенции. Албанскиот народ не ги заборава напорите или жртвите на своите синови, како вчера во војна и денес во мир“, напиша Хасани на социјалните мрежи.

Тој додава дека го информирал за најновите случувања во Албанија, но и оние во регионот, како и за напорите на Албанија за мир, стабилност и развој.

„Свесни дека судските постапки се маратон со подеми и падови. Во трката победува оној кој е психолошки подготвен. На господинот Тачи му ги пренесов најубавите желби на највисоките владини и државни лидери, премиерот Еди Рама и другите колеги, како и уверувањето дека, како и досега, нашата поддршка нема да изостане во никој случај и за ништо“, напиша Хасани.

Посетата доаѓа ден по одлуката на Парламентарното собрание на Советот на Европа да го отвори патот за членство на Косово. вт/сд/

Фото: принтскрин Хасани ФБ

Остани поврзан