Шефовите ѝ забраниле да доаѓа на работа со розова коса, па нејзиниот сарказам нема граници
- Бунтовна девојка од Џорџија (САД) стана интернет-хит по видеоодговорите кон нејзините шефови кои ѝ забраниле да доаѓа на работа со розова фризура.

Лос Анџелес, 1 септември 2023 (МИА) - Бунтовна девојка од Џорџија (САД) стана интернет-хит по видеоодговорите кон нејзините шефови кои ѝ забраниле да доаѓа на работа со розова коса.
Емили Беншотер ја добила работата без да одржи интервју во живо, а откако ја виделе, нејзините шефови ѝ рекле дека нејзината фризура е забранета во компанијата и таа мора да ја прикрива. И така, девојката „послушно“ почна да си ја покрива косата... Со најлошите можни перики што може да се најдат.
Watch on TikTok
Видеата се веќе хит, а „тиктокерката“ редовно изненадува со своите постојано нови изданија, и докажува оти не ѝ недостигаат идеи. си/
Фото: Тикток.
Watch on TikTok