Шефицата на француската дипломатија на средби со Мицотакис и Дендиас во Атина
- Стратешките односни меѓу Грција и Франција, случувањата во Источниот Медитеран, Украина, Западен Балкан, Блискиот Исток, како и соработката во рамките на ЕУ, според грчкото МНР се очекува да
Атина, 6 септември 2022 (МИА) – Стратешките односни меѓу Грција и Франција, случувањата во Источниот Медитеран, Украина, Западен Балкан, Блискиот Исток, како и соработката во рамките на ЕУ, според грчкото МНР се очекува да бидат темите за кои попладнево ќе разговараат во Атина шефовите на грчката и француската дипломатија Никос Дендиас и Катрин Колона, јави дописничката на МИА од Атина.
Министерката за надворешни работи на Франција освен со нејзиниот грчки колега, ќе се сретне и со премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис.
Дендиас и Колона на крајот на јули се сретнаа во Париз. ср/