• недела, 07 јули 2024

Шест нови случаи на Ковид 19 и 10 оздравени пациенти, нема починати

Шест нови случаи на Ковид 19 и 10 оздравени пациенти, нема починати
Скопје, 29 јуни 2021 (МИА) - Во последните 24 часа од направени 2.887 тестирања се регистрирани шест нови случаи на Ковид 19, оздравени се 10 пациенти и нема починати лица. Вкупната бројка на дијагностицирани е 155.682 лица, соопштија денеска од Министерството за здравство. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, МЗ информира дека од новорегистрираните случаи три се во Скопје и по еден случај во Тетово, Струмица и Берово. Регистрирани се 10 оздравени пациенти и тоа пет во Скопје,  Куманово двајца и по еден пациент во Велес, Струмица и Кичево. - Направени се 2.887 тестови преку: ИЈЗ-125, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-48, ЦЈЗ Прилеп-35, ЦЈЗ Тетово–13, ЦЈЗ Куманово–27, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-9, Институт за микробиологија–15, МАНУ-68, Жан Митрев (Филип Втори)-62, Авицена-211, Биотек-140, Систина-99, лабораторија Лаор-197, Синлаб-22, Ремедика-18, Плодност–44, Генеа–5, Никоб лаб-419, ВФВ Медикал-49, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.247, се наведува во соопштението од МЗ.. Досега, посочуваат од МЗ, во земјата се направени вкупно 877.123 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.682, бројката на оздравени пациенти е 149.977, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 221. Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно) Скопје 68665, активни 87 Куманово 8882, активни 22 Прилеп 8327, активни  18 Тетово 7249, активни  21 Битола 6306, активни  8 Велес 5473, активни  4 Гостивар 5181, активни  7 Кавадарци 5154, активни  1 Охрид 5019, активни  17 Штип 4961, активни  1 Струмица 4120, активни  6 Струга 2981, активни  0 Кочани 2792, активни  0 Кичево 2596, активни  14 Гевгелија 2195, активни  0 Неготино 2184, активни  0 Свети Николе 1524, активни  1 Ресен 1234, активни  0 Крива Паланка 1227, активни  4 Радовиш 1161, активни  0 Берово 1030, активни  1 Делчево 973, активни  0 Дебар 942, активни  1 Виница 886, активни  2 Пробиштип 789, активни  0 Валандово 666, активни  0 Богданци 494, активни  0 Крушево 490, активни  0 Демир Хисар 400, активни  2 Демир Капија 396, активни  0 Кратово 377, активни  3 Македонски Брод 359, активни  1 Пехчево 268, активни  0 Македонска Каменица 249, активни  0/ цр/сп/

Остани поврзан