• вторник, 17 декември 2024

Шест моторни возила за сообраќајната полиција во Скопје доби МВР од РСПБСП

Шест моторни возила за сообраќајната полиција во Скопје доби МВР од РСПБСП

Скопје, 16 октомври 2024 (МИА) - Шест моторни возила наменети за сообраќајната полиција му биле предадени денеска на Министерството за внатрешни работи од страна на Републичкиот совет  за безбедност во сообраќајот (РСПБСП).  Возилата во кругот на МВР на министерот Панче Тошковски му биле предадени од Гордана Кожуваровска, претседателка на РСПБСП.

МВР информира дека се работи за две моторни возила „дачија дастер“ (Dacia Duster) и четири моторни возила „дачија сандеро степвеј“ (Dacia Sandero Stepway, произведени во 2024, опремени со полициски ознаки и со дополнителна опрема. 

Министерот Тошковски посочил дека РСПБСП во рамки на неговата законска надлежност, во соработка со МВР, денеска овозможил да се зголеми обемот на возила што го имаат на располагање во Министерството.

-Шесте возила ќе бидат користени во рамки на СВР Скопје во рамки на увидната екипа и сообраќајната полиција. Се надевам дека со тоа ќе ја зголемиме брзината на реакција во рамки на вршењето на увидните активности на ниво на градот Скопје. Во иднина преку РСБСП или други институции ќе бидат набавувани полициски обележени возила со цел нивна поголема видливост, а со тоа и поголемо чувство на безбедност на граѓаните, истакнал Тошковски.

РСБСП ги набавил возилата и опремата во согласност со обврската дел од средствата да ги намени за набавка на опрема за осовременување на службите на МВР кои се грижат за безбедноста на сообраќајот, согласно одредбите  од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

-Претседателката на РСПБС Кожуваровска истакна дека продолжува успешната соработка помеѓу РСБПС и МВР со заедничка цел унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, информира МВР. хс/са/ 

Фото: Министерство за внатрешни работи 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан