• понеделник, 23 декември 2024

Шесткратниот шампион во Мото ГП, Маркез, хоспитализиран по падот и ќе ја пропушти Големата награда на Индонезија

Шесткратниот шампион во Мото ГП, Маркез, хоспитализиран по падот и ќе ја пропушти Големата награда на Индонезија
Мандалика, 20 март 2022 (МИА) - Возачот на Хонда, Марк Маркез, ќе ја пропушти трката за Големата награда на Индонезија. Маркез не успеа да го контролира мотоциклот во седмиот свиок на патеката, по што излетал во воздух и паднал. Шпанецот веднаш со хеликоптер беше пренесен во една од локалните болници. Првичниот лекарски преглед не откри сериозни повреди на возачот, но тимот, лекарите и самиот Маркез решија да не одат останат во болница и да продолжат со контролите. Трката за Големата награда на Индонезија требаше да започне во 8:10 часот по македонско време, но нејзиниот почеток беше одложен поради обилните врнежи од дожд. Маркез е шесткратен шампион во Мото ГП. На првата трка од сезоната 2020, Шпанецот заработи тешка повреда на десната рака, поради што ја пропушти целата сезона и првите две трки во 2021 година. зс/

Остани поврзан