• петок, 22 ноември 2024

Шеснаесет нови случаи на коронавирус во Премиер лигата

Шеснаесет нови случаи на коронавирус во Премиер лигата
Лондон, 23 август 2021 (МИА) – Шеснаесет нови позитивни случаи на коронавирус се регистрирани во Премиер лигата при последното редовно тестирање спроведено врз вкупно 3.060 фудбалери и официјални претставници на 24-те премиерлигашки екипи, соопшти раководството на Лигата. Минатата недела, Бен Вајт од Арсенал и Кристијан Пулишиќ од Челзи беа позитивни на вирусот поради што и двајцата го пропуштија лондонското дерби во неделата, во кое составот на Томас Тухел триумфираше со 2:0. Напаѓачите на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг и Александер Лаказет, исто така, се меѓу фудбалерите, кои се позитивни на ковид-19. ег/ссм/  

Остани поврзан