• недела, 22 декември 2024

Шерман: САД внимателно следат како руската влада ги третира опозициските политичари како Алексеј Навални 

Шерман: САД внимателно следат како руската влада ги третира опозициските политичари како Алексеј Навални 

Вашингтон, 1 февруари 2023 (МИА) - Заменичката државен секретар Венди Шерман денеска во Вашингтон се сретна со Леонид Волков, раководител на штабот на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, изразувајќи ја американската поддршка за ослободување на Навални и загриженоста за неговото здравје. 

Таа истакна дека САД внимателно следат како руската влада ги третира опозициските политичари како Алексеј Навални и Владимир Кара-Мурза. 

Навални речиси две години е во руски затвор, осуден на долгогодишна казна за наводни финансиски малверзации, во за многумина политички мотивиран процес. 

„Шерман ја истакна важноста од демократскиот процес и почитувањето на човековите права, нотирајќи ги острите мерки на руската власт против слободата на изразување и политичките права на граѓаните“, се вели во соопштението на Стејт департментот. 

Таа ја пофали „храброста на Навални да зборува против корупцијата, неговата отпорност, иако соочен со немилосрднo малтретирање и речиси фаталното труење, и неговата jaчина да издржи неправеден затвор“. 

Заменичката државен секретар ја истакна и поддршката за Русите, како оние во Русија така и во странство, „кои продолжуваат со активизмот за демократски прцоес, човекови права и окончување на бруталната и неиспровоцирана војна на руската влада против Украина“. 

„САД продолжуваат внимателно да следат како руската влада ги третира опозициските политичари како Алексеј Навални и Владимир Кара-Мурза, но и останатите стотици политички затвореници во Русија и ќе се продолжи да се бара нивно ослободување, истакна Шерман. кб/паг/ 

Остани поврзан