• недела, 04 август 2024

Шенгелија ќе потпише нов договор со Виртус

Шенгелија ќе потпише нов договор со Виртус
Рим, 12 јуни 2022 (МИА) – Најдобриот грузиски кошаркар, Торнике Шенгелија ќе потпише нов договор со италијански Виртус, соопшти „La Gazzetta dello Sport“. Двете страни се договорија за двегодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона. Официјално зделката ќе биде официјализирана по завршувањето на финалната серија од италијанското првенство против Милан (1-1). Претходно беше објавено дека 30-годишниот Шенгелија ќе се обиде да се врати во НБА. Тој тековната сезона ја започна во ЦСКА Москва, но на почетокот на март страните го раскинаа договорот на иницијатива на играчот. зс/

Остани поврзан