• понеделник, 23 декември 2024

Шенгелија ќе го пропушти Евробаскет 2022 поради повреда на рамото

Шенгелија ќе го пропушти Евробаскет 2022 поради повреда на рамото
Тбилиси, 25 август 2022 (МИА) - Капитенот на грузиската репрезентација Торнике Шенгелија тешко се повреди на натпреварот против репрезентацијата на Холандија (77:66) во рамките на квалификациите за Светското првенство 2023. Во третата четвртина, кошаркарот на Виртус го повреди рамото како последица на пад и го напушти теренот, по што беше пренесен во болница на дополнителни прегледи. Голема е веројатноста Шенгелија да го пропушти претстојниот Евробаскет 2022 година кој ќе се игра од 1 до 18 септември. Грузија ќе биде ко-домаќин на турнирот за прв пат во историјата. Противници на Грузијците во А-групата ќе бидат Црна Гора, Шпанија, Бугарија, Белгија и Турција. зс/

Остани поврзан