• сабота, 23 ноември 2024

Шенгелија, избран за претседател на синдикатот на играчи во Евролигата

Шенгелија, избран за претседател на синдикатот на играчи во Евролигата
Москва, 8 септември 2021 (МИА) – Кошаркарот на ЦСКА Москва, Торнике Шенгелија е избран за нов претседател на синдикатот на играчи во Евролигата, пренесува веб -страницата на рускиот клуб. Мандатот на Италијанецот Луиџи Датоме како претседател заврши. Неговиот наследник беше потврден на годишниот состанок на синдикатот, одржан во вчера во Барселона. Дваесет и деветгодишниот Шенгелија игра за ЦСКА од 2020 година. Пред тоа, грузискиот кошаркар помина шест сезони со шпанската Баскија. зс/

Остани поврзан