• вторник, 02 јули 2024

Шекил О'Нил: Леброн е сè уште најдобар во светот, требаше да биде МВП

Шекил О'Нил: Леброн е сè уште најдобар во светот, требаше да биде МВП
Лос Анџелес, 21 септември 2020 (МИА) – Легендарниот НБА кошаркар Шекил О'Нил смета дека Леброн Џејмс од Лејкерс требаше да ја освои наградата МВП на сезоната.
  • МВП е индивидуална награда, и сите зборувате за резултатот на тимот. Леброн сепак е најдобар во светот. Ако сте најдобар, како не можете да бидете МВП? Сите зборувате за тимскиот резултат, но јас не сакам да знам ништо за тоа. Ја изгубив статуетката двапати од најдобриот тим играч кој загуби во првото коло, изјави О’Нил.
Наградата најкорисен играч во НБА лигата за сезоната 2019/20 пред неколку дена му беше доделена на Јанис Адетокунбо од Милвоки бакс. зс/

Тагови

Остани поврзан