• недела, 22 декември 2024

Шекеринска: Преспа е најевропски регион во земјава, очекува и ги заслужи најголемите европски фондови

Шекеринска: Преспа е најевропски регион во земјава, очекува и ги заслужи најголемите европски фондови
Ресен, 6 октомври 2021 (МИА) – Преспа е најевропскиот регион во нашата држава. Регион, кој ги очекува најголемите европски фондови. Ама ги заслужи, бидејќи фондовите се пари, шанса за инфратсруктура, за решавање проблеми, истакна Радмила Шекеринска на вечерашниот митинг во Ресен, кој е дел од караванот на „Најдоброто за мојата општина“. Забележа дека до пред четири години, регионот бил комплетно занемарен и заборавен. - Преспа и Ресен тргнаа навистина од многу проблеми. Но, денеска одговорно тврдам дека Преспа е најевропскиот регион во нашата држава. Европските фондови овде се заслужени, бидејќи вие секој ден овде ги живеете европските вредности. Во Ресен не треба да се зборува за Европската унија. Тие вредности се чуствуваат. Не постоеше европски претставник, кој ги посети Преспа и Ресен, да не каже дека навистина го почустувал тој дух на заедништво, решавање на проблеми и желба да се оди напред, рече Шекеринска. Барајќи ја довербата на преспани за кандидатот за градоначалник на колаицијата предводена од СДСМ Живко Гошаревски, потсети на дел од проектите реализирани на национално ниво, меѓу кои и зголемувањето на минималната плата, растот на пензиите, сцијалната помош, инвестициите во инфратсруктурата, влезот на земјата во НАТО Алијансата... - Изминатите години не ни беше тешко како Влада да и помагаме на оваа локална самоуправа, бидејќи изминатите четири години сите заедно работевме вредно и напорно со силна поддршка и на локално и на централно ниво. Имавме исти цели на ум и оваа силна динамика мора да продолжи, нагласи Шекеринска. Владата, подвлече, си зема обврска, како што рече, да не ги троши парите на палати, споменици и да ги вложува во центарот на Скопје, туку да инвестира онаму каде што е најпотребно, кај граѓаните и општините. - Кон земјоделците насочивме 430 милиони евра, од кои еден дел и тука во Преспа, оти од нивниот труд живеат многу семејства. Од нивниот труд се хранат сите наши семејства. Заедно со општините инвестиравме во нашите најмлади. Во претходните 11 години беа иизградени 45 градинки, а сега само за четири години успеавме да изградиме 60 градинки и опфатот на деца да го зголемиме за 130 проценти. Во измиантиот период нашиот фокус не беше стиропор, туку да инвестираме во асвалт, водовод и канализациски мрежи, патишта....истакна Шекеринска. Во изминатите четири години, во соработка со општините, нагласи дека се реализирани 7.000 проекти само на локално ниво. – Успеавме 50 милиони евра директно да ги насочиме кон буџетите на општините, а 80 милиони евра ги потрошивме за локални проекти, потсети Шекеринска. Во обраќањето пред присутните ја обвини опозициската ВМРО – ДПМНЕ за блокирањето на повеќе законите во Собранието. Истакна и дека европските лидери потвдиле дека Северна Македонија го исполнила ветеното, испорача реформи и дава резултати, но оти останува ЕУ да го испорача своето. сс/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан