• петок, 22 ноември 2024

Шекеринска: Актуелниот нон пејпер предизвика силна реакција и осуда од прогресивните сили на Балканот, во Брисел и Вашингтон

Шекеринска: Актуелниот нон пејпер предизвика силна реакција и осуда од прогресивните сили на Балканот, во Брисел и Вашингтон
Скопје, 27 април 2021 (МИА) - Актуелниот нон пејпер со право предизвика силна реакција низ целиот регион и осуда од страна на прогресивните сили на Балканот, но и во Брисел и Вашингтон, напиша на својот ФБ профил министерката за одбрана Радмила Шекеринска. - Заговарањето на нови граници и мапи го подигна алармот во соседството и не потсети дека национализмот никогаш не нуди мирни и конструктивни решенија. Лидерите во регионот, но и ЕУ имаат одговорност да ги донесат вистинските одлуки, пишува Шекеринска на нејзиниот ФБ. Таа објави дека денеска учествувавла на видео конференцијата на Фридрих Еберт за кооперативната безбедност во Европа и во регионот. Северна Македонија, напиша Шекеринска, стана членка на НАТО и активен придонесувач во безбедноста во регионот. цр/скс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан