• понеделник, 23 декември 2024

Шеик Наваф е новиот емир на Кувајт

Шеик Наваф е новиот емир на Кувајт
Кувајт, 29 септември 2020 (МИА) - Престолонаследникот Наваф ал Ахмад ал Џабер ал Сабах е именуван за нов емир на Кувајт, соопшти кувајтскиот Министерски совет. Неговото именување уследи по веста за смртта на емирот Шеик Сабах Четврти. Тој почина на 91-годишна возраст во САД, а во Кувајт е прогласена 40-дневна жалост. Според Уставот на Кувајт престолонаследникот автоматски станува емир, но ја презема власта откако ќе положи заклетва пред Парламентот. Шеик Наваф, брат на Шеик Сабах, досега извршуваше високи функции, меѓу кои и министер за одбрана и за внатрешни работи. ми/

Остани поврзан