• понеделник, 23 декември 2024

Шеесет и тригодишно лице од Охрид е давеникот во Охридското Езеро

Шеесет и тригодишно лице од Охрид е давеникот во Охридското Езеро
Охрид, 5 мај 2022 (МИА) – Шеесет и тригодишен жител на Охрид е починатото лице, пронајдено вчера во водите на Охридското Езеро. СВР Охрид денеска соопшти дека во 7:25 часот било пријавено дека во водите на Охридското Езеро кај комплексот „Горица“ било забележано едно повредено лице. - Од извршениот увид било констатирано дека се работи за Н.Н.(63) од Охрид, кој паднал и починал. Смрт без траги на насилство констатирала екипа на Итната медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција, стои во информацијата. сс/вј/

Остани поврзан