• понеделник, 20 мај 2024

Швеѓанката Еберг победи на женскиот биатлон масовен старт на Светското првенство

Швеѓанката Еберг победи на женскиот биатлон масовен старт на Светското првенство

Оберхоф, 19 февруари 2023 (МИА) - Светското првенство во биатлон 2023 во Оберхоф, Германија заврши со масовен старт кај жените. Победничка на трката на 12,5 километри беше претставничката на Шведска, Хана Еберг.

Второто место и сребрениот медал е за Норвежанката Ингрид Тандерволд.

Третото место го зазеде претставничката на Франција Жули Симон.

Претходно во текот на денот, на трката на 15 км масовен старт во машка конкуренција победи Себастијан Самуелсон исто така од Шведска. зс/

Остани поврзан