Шведска: Лидерот на Умерена партија, Кристерсон именуван за мандатар
- Лидерот на третата по големина партија во Шведска, конзервативната Умерена партија, Улф Кристерсон денеска и официјално е назначен за мандатар за состав на новата влада
Стокхолм, 19 септември 2022 (МИА) – Лидерот на третата по големина партија во Шведска, конзервативната Умерена партија, Улф Кристерсон денеска и официјално е назначен за мандатар за состав на новата влада.
На изборите во Шведска, што се одржаа на 11 септември, четири партии од десниот центар освоија 176 места од вкупно 349, додека коалицијата на левиот центар во која беа вклучени и владејачките социјалдемократи освои 173 места.
Претседателот на шведскиот Парламент, Риксдаг Андреас Норлен денеска му го врачи мандатот за формирање на влада на Кристерсон.
Норлен изјави дека не е одреден датум пред кој Кристерсон треба да предложи нова влада.
Мојата порака е дека сè оди добро. Сакам да формирам влада која обединува, а не дели, изјави Кристерсон по средбата со Норлен. ми/